ИДКНА и додели на АПЈ книжен фонд

87

Во текот на денешниот ден, Институт за духовно и културно наследство на Албанците ѝ додели голем број на книги и списанија на Агенцијата за примена на јазикот во РСМ. Изданијата на оваа научна и културна институција ги донесе нејзиниот директор, Скендер Асани заедно со неколку негови соработници. Во оваа прилика, директорот на Агенцијата за примена на јазикот во РСМ – Илбер Села, му се заблагодари на својот хомолог за вредната помош со која се збогати библиотеката на институцијата што тој ја води и во исто време размени мислења и идеи за соработка помеѓу овие две институции.

Можеби исто така ви се допаѓа