Започнува соработката меѓу Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за примена на јазикот

21
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села денеска го прими на состанок заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, г-динот Ремзи Абдулахи и неговите соработници.
На оваа средба се дискутираше за степенот на имплементација на Законот за употреба на албанскиот јазик во оваа институција и најлесните начини за имплементирање – за да биде поблиску до оваа заедница.
Во оваа прилика, заменик-директорот Абдулахи побара дополнителни појаснувања и директна поддршка во спроведувањето на Законот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, додека директорот Села обезбеди целосна поддршка од АПЈ за преведување на акти, дописи и обрасци со капацитетите со кои таа располага.
Двајцата соговорници се согласија дека оваа средба е добра иницијатива кон конкретни чекори за спроведување на Законот за употреба на јазиците во оваа институција.
Можеби исто така ви се допаѓа