Заменик-генералниот секретар на Владата на РСМ, Тахир Хани ја посети АПJ

94
Првиот ден на работа во 2021 година, Агенцијата за примена на јазиците го започна со посетата на заменик-генералниот секретар на Владата на РСМ, Тахир Хани, кој денес беше пречекан во канцеларијата на директорот, Илбер Села.
Во текот на оваа средба се зборуваше за плодната соработка помеѓу овие две институции досега, за меѓусебната помош што тие ја дале во однос на спроведувањето на албанскиот јазик во државните институции, како и за многу други прашања во врска со тешкотиите и пречките при практичната примена на службените јазици.
Исто така, тие ветија дека оваа тесна соработка ќе продолжи и во текот на оваа година, нагласувајќи го фактот дека нè очекуваат многу предизвици и работа во врска со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа