Заменик-амбасадорот на Франција ја посети АПЈ

29
Денес, 10 август 2021 година, вршителот на должноста, заменик-амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, г-динот Станислас Мрозек, во придружба на преведувачот по албански јазик на Амбасадата, одговорното лице за протокол, г-динот Ардиан Рамадани, како и стажантот при оваа Амбасада, г-динот Емилиен Киентз, за прв пат ја посетија Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и по тој повод остварија средба со директорот на агенцијата, г-динот Илбер Села.
Средбата, којашто се одвиваше во мошне пријателски дух, претставуваше добра можност за размена на мисли и искуства околу можните начини за соработка меѓу Амбасадата на Франција во РСМ, Францускиот институт во Скопје и Агенцијата за примена на јазици.
Директорот Села, откако ја претстави подетално Агенцијата со која предводи, ги образложи и предизвиците и потешкотиите со коишто се соочува истата, како и успесите, резултатите и достигнатите постигнувања на оваа Агенција, којашто служи како заштитник за отстранување на грешките во албанскиот јазик, како и во другите јазици.
Тој ги спомена и реализираните обуки за преведувачи и за лектори, истакнувајќи ја Агенцијата како една водечка институција што служи за пример.
Г-динот Села ја истакна и соработката меѓу Агенцијата и другите институции во земјава, посакувајќи поголемо продлабочување на оваа соработка.
Соговорниците меѓу другото зборуваа и за можностите за остварување на посети во познатите јазични центри во Европа и во Франција, како и за можностите за донесување на јазични експерти од Франција во оваа Агенција, со цел да го споделат нивното искуство и истражување и меѓусебна размена.
Се заложија и за можноста за започнување на проект за соработка од областа на преводот, на истакнати француски лингвисти, на албански, како и на македонски јазик.
Заменик-амбасадорот, г-динот Мрозек, му потврди на г-динот Села дека соработката меѓу Амбасадата и Агенцијата ќе продолжи и понатаму да се продлабочува, ветувајќи конкретна и континуирана поддршка на дејноста на оваа Агенција во областа на преводот и толкувањето.
Можеби исто така ви се допаѓа