Заврши шестата и седмата недела од обуката на преведувачи и лектори

12
Во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) продолжи обуката на преведувачи и лектори по албански јазик во јавните институции.
Во текот на шестата недела беше спроведена обука на две различни теми. Ајтене Ќамили предаваше на првата тема „Анализа на текст“, додека Мустафа Ибраими предаваше на втората тема „Превод на посебни културни текстови“.
Во текот на седмата недела беше спроведена обука на уште две различни теми. За првата тема „Превод на посебни социолошки текстови“, предаваше Али Пајазити, додека за втората тема „Превод на текстови за уметности и хуманистички науки“предаваше Дориан Кочи.
Преведувачите и лекторите имаа можност да ги разјаснат своите дилеми на горенаведените теми со кои се соочуваат при нивната секојдневна работа.
Можеби исто така ви се допаѓа