Заврши третата и четвртата недела од обуката на преведувачи и лектори

11
Во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) продолжи обуката на преведувачи и лектори по албански јазик во јавните институции.
Во текот на третата недела беше спроведена обука на две различни теми. Арсим Јонузи предаваше на првата тема „Преведувачки технологии“, додека Зеќирја Ибраими предаваше на втората тема „Превод на политички текстови“.
Во текот на четвртата недела беше спроведена обука на уште две различни теми. За првата тема Правно пишување, обрасци, барања, предаваше Башким Сељмани, додека за втората тема Превод на правни текстови предаваше Афет Мамути.
Преведувачите и лекторите имаа можност да ги разјаснат своите дилеми на горенаведените теми со кои се соочуваат при нивната секојдневна работа.
Скопје, 08.04.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа