Заврши петтата недела од обуката на преведувачи и лектори

12
Во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) продолжи обуката на преведувачи и лектори по албански јазик во јавните институции.
Во текот на петтата недела беше спроведена обука на две различни теми. Мањола Љумани Зачелари предаваше на првата тема „Зборови и странски изрази на албански јазик“, додека Бертон Сулејмани предаваше на втората тема „Превод на литературни текстови“.
Преведувачите и лекторите имаа можност да ги разјаснат своите дилеми на горенаведените теми со кои се соочуваат при нивната секојдневна работа.
Скопје, 15.04.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа