Заврши обуката за стратешко планирање за АПЈ

38
Како резултат на одличната соработка помеѓу АПЈ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во седиштето на АПЈ заврши тридневната онлајн обука за стратешко планирање.
Реализираната обука е во насока на зајакнување на човечките ресурси во АПЈ, развој на стручниот капацитет и зголемување на ефикасноста во постигнување на поставените работни цели и планови преку креирање на квалитетен и сеопфатен стратешки план за работа.
Содржински обуката опфати излагања од експерти во делот на стратешко планирање, проследени со практични вежби за учесниците на обуката. Во рамките на обуката беа објаснети клучните концепти во стратешкото планирање; организациски анализи и методологија за стратешко планирање; институционален развој и организациски промени; визија/мисија на организацијата; анализа на опкружувањето; креирање институциограм; SWOT анализа; дефинирање стратешки цели; содржина и формат на стратешки план, а опфати и елементи во делот на финансиско и оперативно планирање.
Поддршката којашто ја овозможи Мисијата на ОБСЕ за реализација на обуката е од големо значење за АПЈ и на дело ги потврдува одличните релации и добрата соработка меѓу двете страни којашто се надеваме ќе продолжи и во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа