Заврши обуката за раководење со проектен циклус за вработените во АПЈ

10
Во хотелот „Арка“ во Скопје, во периодот од 1 до 3 септември, беше одржана обука за раководење со проектен циклус и проектен менаџмент на којашто учествуваа вкупно 20 лица вработени во Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.
Реализацијата на Обуката беше поддржана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во согласност со Годишниот акциски план што произлегува од потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за спроведување заеднички активности за периодот 2021-2024 година.
Покрај финансирање на активностите поврзани со реализација на Обуката, Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди и потребна експертиза со ангажман на двајца експерти од областа (г-ѓа Сунчица Саздовска и г-ѓа Валентина Чичева) и во соработка со АПЈ ги координираше потребните активности поврзани со успешното одржување на Обуката.
Првиот ден, пред почетокот на Обуката, се пристапи кон потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, претставувана од директорот Илбер Села, и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претставувана од шефот на Мисијата, амбасадорот Клеменс Која.
Во своето обраќање по потпишувањето, директорот Села истакна дека Агенцијата за примена на јазикот на РСМ ѝ придава голема важност на соработката со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, преку нејзината Мисија во Скопје, препознавајќи ја нејзината значајна улога во обезбедување поддршка во зајакнување на почитувањето и заштитата на правата на заедниците, промовирање општествена кохезија и унапредување на меѓуетничките односи преку соработка, инклузивност и почитување на различностите во заедницата. Чинот на потпишување на Меморандумот за разбирање претставува чекор напред во создавањето формална рамка за соработка помеѓу Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје заради спроведување заеднички усогласени активности во областа на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците, поддршка на работењето на Агенцијата во градењето на институционален капацитет и спроведувањето на нејзините програмски цели.
По потпишувањето на Меморандумот, беше презентирана целта и програмата на Обуката, а содржинскиот дел од Обуката опфати предавања во делот на раководење со проекти; фази на проектен циклус; планирање проекти насочени кон цели; идентификување проблеми и цели; анализа на состојба; критериуми за селекција, избор на стратегија за проект, како и презентација на Стратешкиот план на АПЈ и работа во групи на практични вежби.
Вториот ден од Обуката беше посветен на концептот на логичка рамка: логика на интервенција; предуслови, претпоставки, индикатори и извори на верификација, проследени со презентација на практични примери и групни вежби.
Третиот и последен ден од Обуката се осврна на дефинирање активности за постигнување резултати; алокација на ресурси за планираните активности; подготовка на проектен буџет; практични вежби, како и евалуација на обуката.
На крајот од обуката, на учесниците им беа врачени сертификати за учество на тематската обука.
Можеби исто така ви се допаѓа