Заврши Обуката за преведувачи и за лектори

Предавачи во последната сесија на Обуката беа професорите Емил Љафе и Ајтен Хајдари - Ќамили. Агенцијата за примена на јазикот во септември, оваа година, на редовните учесници на Обуката ќе им додели сертификати.

45
По двомесечната обемна програма, на 7 јули 2021 година, заврши Обуката за преведувачи и за лектори од јавната администрација, организирана од страна на Агенцијата за примена на јазикот. На оваа двомесечна програма на Обуката, учествуваа 68 преведувачи и лектори од 31 различна институција од државната администрација, на коишто во септември оваа година Агенцијата за примена на јазикот ќе им додели сертификати.
Последни предавачи беа познатиот професор од Албанија, д-р Емил Љафе, којшто се задржа на правописните проблеми и чистотата на јазикот и проф. д-р Ајтен Хајдари-Ќамили, која на учесниците им предаваше за анализа на текстот.
„Формирањето на АПЈ и нејзиното дејствување е настан од особено значење, не само за научно-културниот живот на Албанците во РСМ, туку и за културата и животот на албанското општество во целост. Албанската интелигенција во РСМ со поддршка и од албанскиот политички фактор забележа значаен напредок, особено на полето на албанолошките студии, културата, книжевноста и уметностите“, рече проф. Емил Љафе, којшто своето предавање, со трите групи од Обуката, го одржа онлајн од Тирана. Тој смета дека сето ова ќе доведе до вреднување на албанскиот стандарден јазик, како главно средство и фактор за понатамошниот квалитетен развој на општествениот и на културниот живот на Албанците во РСМ, давајќи му сè позначајно место во нашата национална култура.
„Заедно со другите колеги од Здружението на албанската лингвистика, од АПЈ ја примивме поканата за соработка и секогаш ќе бидеме подготвени да помогнеме во нејзиниот развој и во исполнувањето на нејзината програма. Нашето учество на Конференцијата на тема: „Повеќејазичноста и предизвиците од примената на Законот за употреба на јазиците во РСМ“ (февруари 2020 г.) ни даде можност да се запознаеме одблизу со задачите и со целите на АПЈ, како и кај нејзините вработени да забележиме чувство на голема одговорност и посветување на нивните задачи. Ние секогаш ќе бидеме заедно со вас, затоа што вашата задача е и наша задача, вашиот успех е и наш успех“, истакна проф. Емил Љафе во неговите процени за Обуката и активностите што досега ги има преземено АПЈ.
Ваквите обуки, како што истакна професорката Ајтен Хајдари-Ќамили, се дел од главната мисија на Агенцијата за примена на јазикот и ќе продолжат и во следните години, во зависност од потребите, бидејќи е познато дека има недостаток од квалитет и недостаток од работен кадар во институциите.
„Врз основа на ова, ќе се подобри квалитетот на преведувачите и на лекторите во институциите, со ангажирање професори од Република Северна Македонија, од Албанија и од Косово, коишто ќе го пренесат своето различно искуство. На овие обуки, освен што сме дискутирале за проблеми што создаваат двоумење кај преведувачите за време на нивната работа, се зборуваше и за унифицирање на административната терминологија онаму каде што има потреба од тоа, а во иднина ќе се одржат и конгреси или други семинари што ќе се занимаваат со ова прашање“,  изјави проф. Ајтен Хајдари-Ќамили.
Таа најави и промени во професионалната работа на преведувачите и на лекторите, со тоа што ќе работат во групи (како и оваа година), а потоа и во една заедничка група, за да можат да комуницираат меѓу себе, да разменуваат искуства, да дискутираат за двосмислени прашања, за да постигнат квалитет во нивните преводи и да го применат албанскиот јазик во сите државни институции.
За време на овој циклус на Обуката, учесниците имаа прилика да слушаат предавања од најпознатите лингвисти од универзитетските центри во Република Северна Македонија, од Албанија и од Косово, коишто обработија бројни проблеми што произлегуваат од употребата на албанскиот јазик и на другите службени јазици во администрацијата. Проблемот со терминологијата и нејзиното унифицирање како потреба, влијанијата на јазиците, лексикографијата, семиотиката, синтаксичките влијанија и низа други проблеми, беа тема на обработка од професорите Емил Љафе, Аслан Хамити, Исмет Османи, Валтер Мемиша, Рами Мемушај, Џеват Лоши, Блертон Сулејмани, Ајтен Хајдари-Ќамили, Џелал Зејнели, Афет Мамути, Ќемал Мурати, Изер Максути, Зеќирја Ибрахими, Аднан Јашари и Мустафа Ибрахими.
Можеби исто така ви се допаѓа