ЗАВРШИ НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

114

Научната конференција на тема “Повеќејазичноста и предизвиците на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во РСМ”, која беше отворена завчера, и денеска ја продолжи нејзината работа.
Во првиот панел на тема “Предизвиците на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците на РСМ”, поздравен говор одржаа директорот на АПЈ, Илбер Села, претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини и универзитетскиот професор Јусуф Зејнели кој меѓу другото говореше и за предизвиците на спроведувањето на Законот за употребата на јазиците во РСМ.
Во вториот панел имаа говор Аднан Јашари кој се фокусираше во правно-нормативниот аспект на употребата на јазиците во РСМ, Мимоза Коре која зборуваше за Законот на употреба на јазиците во РСМ и предизвиците на статусот на албанскиот јазик, Јусуф Зејнели, за предизвиците на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во РСМ, Анила Омари зборуваше за преводот како влијателен фактор во јазичното развивање и последиците на преводот на албански јазик во РСМ и Веби Беџети околу дилемите на правичното спроведување на Законот за употреба на албанскиот јазик.
Во третиот панел говореше Јасмина Трајковска-Наумовска, Хаки Имери за албанскиот јазик во Северна Македонија како јазик на 20%, Демуш Бајрами за предизвиците на проширувањето на службената употреба на албанскиот јазик во Северна Македонија.
Во четвртиот панел на тема „Ефектите на мултилингуализмот во правните акти„ каде збор имаа Славиша Младенович кој говореше во врска со двојазичноста во Косово, Исмет Османи кој зборуваше за содржнските проблеми во терминологијата на јавната администрација, Бертон Сулејмани за топонимијата во патните табли и Исмаил Хамити за слободниот и буквалниот превод.
По завршувањето на трудовите на конференцијата, учесниците ќе посетат неколку културни споменици во Скопје.

Можеби исто така ви се допаѓа