Железници – Транспорт започнаа соработка со АПЈ

17

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари посета на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје каде што оствари средба со г. Мубекир Палоши, генерален директор и претседател на Управниот одбор на акционерското друштво.

На оваа средба се разгледа состојбата околу примената на одредбите од Законот за употреба на јазиците во работата на акционерското друштво.

Директорот Палоши се заблагодари за иницијативата на АПЈ за меѓуинституционална соработка и можноста за непосредна размена на мислења околу разјаснување на одредени прашања кои произлегуваат од примената на Законот за употреба на јазиците. Воедно, истакна дека неспорно е дека законските одредби мора да се почитуваат и дека акционерското друштво ќе преземе активности за усогласување со законските обврски за што целосно ќе се заложи, со помош и на АПЈ.

Од друга страна, директорот Села понуди целосна поддршка во делот на стручни консултации, превод и лекторирање на општи акти, обрасци и формулари на акционерското друштво, а достави и сет на публикациии во издание на АПЈ.

Скопје, 24.2.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа