Екипа од Агенцијата за примена на јазикот денеска беше на посета во Општина Куманово

60

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, денеска беше на работна средба со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
​Во ова пригода, директорот Села се запозна со процесот на примената на албанскиот јазик во оваа општина, а исто така го информираше градоначалникот и со работите и предизвиците со кои се соочува АПЈ.
По известувањето околу прашањата поврзани со функционирањето на Агенцијата, зборуваше и градоначалникот Димитриевски кој изрази подготвеност за да го спроведе Законот за јазикот во институцијата која ја води, но додаде дека недостасуваат средства за да се применат обврските кои произлегуваат од Законот за јазикот.
Села и Димитриевски се согласија двете институции да формираат работни групи за решавање на недостатоците околу употребата на албанскиот јазик и за тоа до каде е неговата примена.
Странките ветија дека и во иднина меѓуинституционалната соработка ќе продолжи.

Можеби исто така ви се допаѓа