Евроамбасадорот Жбогар во посета на АПЈ

76

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, беше домаќин на делегација предводена од шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, кој беше придружен од Вирве Вимпари – советник и раководител на одделот за проекти.
На средбата, директорот Села изрази задоволство од посетата на високиот претставник на ЕУ и упати благодарност за можноста за директна средба и размена на ставови, при што го информираше амбасадорот Жбогар за исклучително значајната улога и институционална позиционираност на АПЈ во насока на поддршка на владините заложби за изградба на современо демократско општество кое ги гарантира, почитува и унапредува јазичните права на своите граѓани, во согласност со европските стандарди. Воедно, директорот Села го запозна својот соговорник за потребата од јакнење на општествената меѓуетничка кохезија и соработка, но и за досега сработеното и напорите за создавање претпоставки за целосна техничка и оперативна функционалност на АПЈ и, во овој контекст, изрази отвореност за соработка со Делегацијата на ЕУ во насока на поддршка на програмските цели и планови на АПЈ.
Амбасадорот Жбогар се заблагодари за поканата од директорот Села за посета на АПЈ и изрази задоволство од ентузијазмот и мотивираноста со која директорот Села ја остварува мисијата и целта за која е основана АПЈ. Воедно, амбасадорот Жбогар изрази интерес за работата и планираните проекти на АПЈ и размени ставови со директорот Села во однос на предизвиците во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, особено во правосудството.
За време на посетата, амбасадорот Жбогар со својата соработничка изразија заинтересираност за просториитете во кои функционира АПЈ во чии рамки се планира да се воспостави и центар за обука на преведувачи и лектори на македонско-албански и албанско-македонски јазик за потребите на јавните институции. Двете страни ја истакна својата заложба за понатамошно продолжување на меѓусебниот дијалог, како и редовна комуникација и анализа на можностите за поддршка на АПЈ за реализација на планираните проекти.

Можеби исто така ви се допаѓа