Договор за соработка со Универзитетот во Елбасан „Александер Џувани“

7
На 10 мај, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, го посети Универзитетот во Елбасан „Александер Џувани“ каде што беше примен од ректорот на овој универзитет, Скендер Топи, проректорот за научно истражување, Елвира Фетаху, заменик деканот на Факултетот за хуманистички науки, Аурела Баша, како и раководителката на Катедрата за јазици, Теута Тоска.
На оваа средба се разговараше за можностите за соработка на овој универзитет со АПЈ за организирање на заеднички активности, како што се семинари, обуки, работилници на кои би се преработиле јазични теми. Се разговараше и за размена на кадри и искуства.
Оваа средба беше искористена и за потпишување на договорот за соработка меѓу двајцата раководители на горенаведените институции Скендер Топи и Илбер Села. Тие се договорија и за взаемна помош за воспоставување комуникациски врски со другите институции со кои соработуваат.
Скопје, 11.05.2022 година

 

Можеби исто така ви се допаѓа