Договорена соработка помеѓу АПЈ и Универзитетската клиника за неврологија

9
Вршителот на должност организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Аљајдин Хавзиу, денеска ја посети АПЈ каде што беше пречекан од директорот Илбер Села.
На оваа средба двајцата соговорници дискутираа во врска со примената на Законот за употреба на јазиците во работата на оваа јавна здравствена установа. Директорот Села, по согледување на состојбата во клиниката, се заложи за целосна поддршка на клиниката во врска со имплементацијата на законските одредби, со стручна помош од АПЈ во врска со превод и лекторирање на формулари, обрасци и други акти во службена употреба.
Директорот Хавзиу се заблагодари за поддршката и понудената помош, ветувајќи дека ќе се залага за примена на албанскиот јазик во клиниката согласно законските обврски.
Можеби исто така ви се допаѓа