Договорена меѓуинституционална соработка со Царинската управа

28

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, ја посети Царинската управа на Република Северна Македонија, каде што оствари работна средба со директорот Горан Сугарески.

На средбата беше согледана состојбата околу имплементација на обврските од Законот за употреба на јазиците во функционирањето на Царинската управа, вклучувајќи ја Централната управа, регионалните царинарници и царинските испостави кои функционираат во рамките на царинарниците.

Директорот Села заедно со претставниците од АПЈ, Јетон Сулејмани од Секторот за општи, правни работи и управување со човечки ресурси и Лазо Матовски од Секторот за поддршка на директорот, беа детално информирани од страна на Валентина Пивоварова, помошник директор на Секторот за управување со човечки ресурси и Зоран Петковски, помошник директор на Секторот за административни и технички работи, за досега преземените активности од страна на Царинската управа во контекст на досега реализираните обврски кои произлегуваат од законското решение за употреба на јазиците.

И покрај доцнењето во реализација на одредени обврски, на средбата беше договорена заедничка соработка на ниво на работни групи заради следење на состојбата и усогласување со законските одредби.

На крајот од средбата, директорот Села достави сет на публикации во издание на АПЈ, а беше понудена и стручна помош во делот на превод на обрасци и формулари, како и лекторирање на службени акти за потребите на Царинската управа.

Можеби исто така ви се допаѓа