Биографијата на Директорот на Агенцијата за примена на јазикот – проф. д-р Илбер Села

Илбер Села е првиот Директор на Агенцијата за примена на јазикот. Во оваа позиција доаѓа после неговото големо искуство во доменот на цивилното и универзитетско општество.

Основното и средното образование го завршил во неговото родно место, а универзитетското и постуниверзитетското образование во Виена, Австрија. Дипломираше за политички науки, публицистика и науки на комуникациите во Универзитетот во Виена, каде и магистрираше. Докторските студии ги заврши во истиот Универзитет (2006 год.), за политички науки, во полето на меѓународна политика, со тема: „Конфликтот во Македонија имајќи го предвид нејзиното идното членство во Европската унија“.

Кариерата како универзитетски професор ја започна во Универзитетот југоисточна Европа (2003 год.), каде што предава до денешен ден. Исто така, проф. д-р Илбер Села е редовен предавач со звање ординарен професор во Универзитетот во Тетово (од 2010 год.). Тој има предавано и во Република Косово, во Универзитетските Колеџи ФАМА, ААБ, ИЛИРИА и УБТ.

Освен во доменот на предавањето, проф. д-р Илбер Села придонел и во доменот на издаваштвото. Има повеќе од десет објавени книги на германски, албански и англиски јазик, како автор и коавтор, вклучувајќи ги и националните и меѓународинте списанија. Исто така е и организатор на неколку национални и меѓународни научни конференции.

Проф. д-р Илбер Села работел и како советник за Евроатлански прашања во Министерството за одбрана на Репблика Северна Македонија (2016-2018 год.), како и бил и председател на Комисијата за нострификација на универзитетските дипломи при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија – Скопје (2012-2018). Тој, исто така, придонел како член на Советот во Институтот за духовно и културно наслетство на Албанците во Македонија – Скопје (2012-2018 год.).

Проф. д-р Илбер Села успешно го предводеше и меѓународното научното списаније „Университас“ (2003-2011 год.), придонесе во цивилното општество, каде во Здружението “Societes Albania”, Виена, Австрија (1998-2001 год.), бил како секретар, а подоцна и председател на Форумот за општество, наука и култура „Университас“. Беше член на Едиториалнијот одбор на научното меѓународно списание „Iliria International Review“ (2013-2015). Тој е основач и директор на Институтот за политички и меѓународни студии (од 2011 год.). Искуството на проф. д-р Илбер Села се простира и во доменот на бизнисот, како надворешен советник во австриската компанија ЕВН, на директорот м-р Георг Валднер (2008-2010 год.).

По завршување на студиите, проф. д-р Илбер Села се врати во Република Северна Македонија, за да даде придонес во неговиот роден крај. Тој живее меѓу Струга, Скопје и Виена. Тој е женет и има две деца.