Директорот Села ја пречека Калтрина Беќири, директорка на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

57
Денес во просториите на АПЈ престојуваше Калтрина Беќири, директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, којашто заедно со нејзиниот тим оствари средба со директорот на АПЈ, Илбер Села, за да се консултира околу некои прашања што се однесуваат на употребата и примената на албанскиот јазик во институцијата со којашто таа раководи.
За време на оваа средба, директорот на АПЈ, Илбер Села, и директорката Беќири разговараа околу примената на Законот за употреба на јазиците во државните институции, а во оваа прилика директорот на АПЈ, Илбер Села ѝ понуди целосна поддршка, ветувајќи ѝ помош од службите на АПЈ, во областа на преводот и лектурата на службени документи и акти.
Соговорниците се согласија на понатамошна соработка помеѓу двете институции, при што соодветната примена на одредбите од Законот да биде на високо ниво во оваа институција.
Можеби исто така ви се допаѓа