Директорот Села ја посети НУБ „Свети Климент Охридски“

146

Директорот на Агенција за примена на јазикот на РСМ (АПЈ), Илбер Села, ја посети Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, при што оствари работна средба со Фримeзим Даути, директор на НУБ „Свети Климент Охридски“.

Во оваа прилика, директорот Села изрази благодарност за средбата и подготвеност од страна на АПЈ за меѓуинституционална соработка, советодавни мислења, консултации и поддршка на работата на НУБ „Свети Климент Охридски“.

Од друга страна, Даути го информираше соговорникот дека библиотеката има недостиг од кадар за превод и лекторирање на службените јазици во Република Северна Македонија и дека ќе се направат обиди со внатрешните ресурси со кои располага библиотеката да се обезбеди почитување на одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продолжување и унапредување на добрата соработка меѓу двете институции.

Можеби исто така ви се допаѓа