Директорот Села ја посети Агенцијата за лекови и медицински средства

139

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) при што оствари работна средба со директорката Висара Риза.

За време на средбата директорот Села истакна дека АПЈ е секогаш отворена за соработка, вклучително и со МАЛМЕД како исклучително важен орган на државната управа чија цел е заштита на здравјето на граѓаните преку имплементација на регулативата и ефикасен надзор во областа на производство и промет со лекови и медицински средства.

Средбата беше можност да се добијат сознанија околу тековната состојба со имплементација на Законот за употреба на јазиците во работата на МАЛМЕД. Воедно, директорот Села се интересираше и околу можноста граѓаните кои се потрошувачи на лекови и медицински средства упатствата за употреба на истите да бидат напишани на службените јазици во Република Северна Македонија.

Директорката Риза изрази задоволство од средбата при што ја искористи приликата да го информира директорот Села за тековната состојба во МАЛМЕД, а воедно се заложи за натамошно продолжување на дијалогот меѓу двете институции.

Можеби исто така ви се допаѓа