Директорот Села со учество на панел-дискусија по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права

47
На покана на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, учествуваше на панел -дискусија по повод одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, со наслов „Правата на припадниците на заедниците – состојби, трендови и предизвици“.
Во своето излагање директорот Села ја истакна важноста од одбележувањето на овој симболичен датум, а особено се осврна на состојбата поврзана со остварувањето на правото на употреба на мајчиниот јазик како основно човеково право и употребата на службените јазици во Република Северна Македонија.
На крајот од панел-дискусијата, директорот Села одговараше на прашања од присутните гости.
Можеби исто така ви се допаѓа