Директорот Села, поздравен говор по повод на 7 март – Денот на наставниците

95

По повод на 7 март – Денот на наставниците, Институт за духовно и културно наследство на Албанците одржа научна трибина на тема: “Состојбата на образованието во земјата, предизвиците и перспективите”, со учество на десетици научници и образовни работници се дискутираше и беа дадени разни идеи и мислења за оваа тема.

По отворањето на трибината од страна на организаторот, како и по краткото резиме за албанското образование, улогата на албанските училишта и албанските наставници со нивната мисија низ вековите, поздравен говор одржа директорот на овој институт, г-дин Скендер Асани, кој зборуваше за историскиот аспект на овој значаен настан на Националната преродба.

Исто така, поздравен говор имаше и државниот советник на Министерството за образование и наука, г-дин Сафет Незири, кој на присутните им ги пренесе поздравите на министерот за образование, г-дин Арбер Адеми.

Настанот го поздрави и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, г-дин Илбер Села, кој рече дека 7-ми Март е убава традиција на Албанците. На овој важен ден на албанското образование, ние со огромен почит ја одбележуваме вредната работа на вредните наставници, љубителите на образованието и на истакнатите патриоти, кои работеа со посветеност и се жртвуваа за развојот на албанското образование во Северна Македонија.

По поздравниот говор на претседателот на Сојузот на албанските наставници, г-дин Нухи Дардишта, десетици студенти, учесници во оваа научна трибина, се осврнаа на научните, правните и историските аспекти на предизвиците и унапредувањето на албанското образование; како што се: Абдирауф Прути, Хасан Јашари, Ајтен Ќамили, Авни Авдиу, Тахир Зајази, Минир Адеми, Џеладин Мурати, Лулзим Мехмеди итн.

Можеби исто така ви се допаѓа