Директорот Села на средба со претседателот на Судскиот совет Здравев

109

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска оствари работна средба со претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, г. Киро Здравев, да се запознае одблизу со подготвеноста на оваа институција да го применува албанскиот јазик во судските постапки.
За време на средбата, се разговараше за потребата од соработка помеѓу двете институции за надминување на тешкотиите што може да произлегуваат за време на работата на Судскиот совет. Претседателот Здравев во оваа прилика рече дека Судскиот совет веќе ја започнал првата фаза за примена на јазикот, вклучувајќи ги таблите, печатите, меморандумите и логоата, истакнувајќи ја потребата за попрофесионален кадар на преведувачи и подобро обучен кадар што ќе ја следи работата на Советот.
Директорот Села, во текот на ваквите состаноци со разни институции, за пружење безрезервна поддршка за правилна примена на албанскиот јазик, истакна дека Агенцијата е подготвена да обезбеди каква било помош што ја бара оваа институција за да може секој да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа