Директорот Села на работни средби во Австрија

80

Во рамките на работната посета на делегација предводена од директорот на Агенција за примена на јазикот, Илбер Села, на Австрија, придружуван и од Тахир Хани – заменик на Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, беше остварена средба во претставништвото на EURAC – истражувачкиот центар во Виена, лоциран во комплексот Vienna International Centre.

За време на посетата, беше остварена работна средба со Елеонора Муско од претставништвото на EURAC Виена, Соња Геберт и Искра Стојанова од United Nations Environment Programme (UNEP) коишто соработуваат со EURAC на заеднички проекти. Средбата беше одлична можност за дискусија за досегашната работа и проектни активности на АПЈ и EURAC, а беа дискутирани и можностите и областите за потенцијална меѓуинституционална соработка.

За време на посетата на Виена, директорот Села оствари средби и со претставници на ОБСЕ во просториите на Hofburg Conference Centre, при што се сретна со Мариана Роибу, офицер за поддршка на политики од Одделот за Југоисточна Европа, како и со Петер Мосоп, специјален советник, при што беше разговарано за дoсегашната одлична соработка на АПЈ со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и беше истакната заложбата за продолжување и интензивирање на меѓусебниот дијалог.

Можеби исто така ви се допаѓа