Директорот Села на работна средба со претседателот на Основниот граѓански суд

241

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денеска оствари работна средба со претседателот на Основниот граѓански суд Скопје, Илир Сулејмани.
За време на средбата, директорот Села изрази задоволство од заложбата и ангажманот на претседателот Сулејмани во делот на спроведување на обврските од првата фаза од Законот за употреба на јазиците, имајќи ги во предвид ограничените кадровски и буџетски ресурси со кои располага судот.
Претседателот Сулејмани истакна судот со којшто раководи претставува најголем граѓански суд во Република Северна Македонија и дека со личен ангажман се спроведени обврските од првата фаза од Законот за употреба на јазиците согласно можностите со кои располага, но дека постојат објективни предизвици за понатамошно целосно спроведување на законските обврски поради недостиг на соодветни кадровски ресурси, особено преведувачи, дактилографи и друг стручен кадар со одлично познавање на албанскиот јазик и правната терминологија.
Целта на ваквите работни средби се првенствено во интерес на граѓаните заради непречено остварување на нивните јазични права не само во судските постапки, туку во сите постапки опфатени со законското решение, а Агенцијата за примена на јазикот останува подготвена за соработка со сите чинители кои имаат обврски за имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа