Директорот Села на работна средба во Управниот Суд

108

Директорот на АПЈ, Илбер Села, денес оствари работна средба во Управниот суд на Република Северна Македонија, каде се сретна со Бурим Сејдин, претседател на овој суд.
Директорот Села го извести г. Сејдини за увидите и анализите околу примената на законот за употреба на јазиците и за потребата од доследно спроведување на законот од сите фактори, изразувајќи подготвеност за соработка на меѓуинституционално ниво.
Претседателот Сејдини го изрази своето задоволство од средбата со директорот Села заблагодарувајќи се за поддршката што ја дава АПЈ кон институциите во однос на професионалниот превод и лектура на сложни прашања. Истовремено, тој го извести Села околу активностите на Управниот суд и ја истакна потребата за дополнување на професионалниот тим, како и зајакнувањето на професионалните капацитети на судот со преведувачи и лектори.
За време на средбата, двете страни ја потврдија потребата од зајакнување на соработката, признавајќи ја важноста што ја има стимулацијата на социјално опкружување во однос на почитување на уставните и законските права на секој граѓанин, како и во промовирањето, зачувувањето и зајакнувањето на правото на граѓаните за користење службени јазици во Република Северна Македонија.

Можеби исто така ви се допаѓа