Директорот Села на работна средба во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

134

Денеска директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, оствари работна средба со Даница Чадиева, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
На средбата директорот Села се запозна со состојбата во Државната комисија во однос на спроведување на обврските кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците во постапките за кои е надлежна Комисијата.
Претседателката на Државната комисија Чадиева истакна дека постои недостаток на човечки и просторни услови за ефикасно спроведување и остварување на правата на граѓаните кои се јавуваат во својство на странки во жалбените постапки пред Комисијата, а кои зборуваат на албански јазик и дека е потребен стручен кадар од преведувачи и лектори кои имаат одлично познавање на правната терминологија заради сложеноста и специфичноста на предметите.
Директорот Села ја искажа подготвеноста за соработка со Државната комисија и констатираше дека е потребно да се постигне сериозен исчекор за навремено исполнување на законските обврски без оглед на тековните внатрешни предизвици во рамките на Државната комисија.

Можеби исто така ви се допаѓа