Директорот Села на работна средба во Врховниот суд

138

Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по барање на Фаик Арслани, вршител на должноста претседател на највисокиот суд во Република Северна Македонија, на којашто средба присуствуваа и претставниците на Врховниот суд Лидија Таневска – Јадровска, самостоен судски советник и шеф на кабинетот на претседателот на судот, Соња Груевска, судски администратор и Марина Милева, виш судски соработник и портпарол на судот.
Директорот Села се заблагодари за поканата за средба и истакна дека секогаш е отворен за соработка и поддршка на секоја институција којашто има потреба од тоа со цел овозможување на граѓаните ефективно и ефикасно остварување на своите јазични права и во постапките пред Врховниот суд на начин како што е уредено со закон..
Претседателот Арслани изрази поддршка на работата на АПЈ и воедно, го информираше својот соговорник дека и покрај доцнењето и потешкотиите во примената на законот, се преземаат активности од страна на Врховниот суд како што се извршената промена на таблата на судот на службените јазици, тековната активност за промена на печатите, логото и веб сајтот на судот, активност којашто се очекува да заврши во најскоро време, но исто така се осврна и на потребата од кадровска екипираност на судот со ангажирање на преведувачи и лектори специјализирани за правна терминологија, заради непречено функционирање на судот и доследна примена на законските одредби кои се однесуваат на употребата на службените јазици во постапките пред судот.
За време на средбата, двете страни ја реафирмираа потребата од меѓусебна соработка и поддршка, препознавајќи ја важноста од почитување на законските права на секој граѓанин.

Можеби исто така ви се допаѓа