Директорот Села го посети Истражувачкиот центар EURAC во Италија

100

После работната посета на Австрија, делегација предводена од Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот, придружуван од Тахир Хани, заменик на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, го посети Истражувачкиот центар EURAC во Болцано, кој е дел од автономната провинција Јужен Тирол-Италија, којшто претставува еден од најеминентните истражувачки центри во Европа.

Во рамки на посетата на EURAC, директорот Села оствари работен состанок со Андреа Абел – директорка на Институтот за применета лингвистика, Клара Кранебитер – истражувач на Институтот за применета лингвистика, Каролин Звилинг – постар истражувач/координатор на Институтот за компаративен федерализам, Марк Рогла – истражувач на Институтот за малцински права, и Сабрина Коломбо – истражувач на Институтот за применета лингвистика.

Работниот состанок беше одлична можност за претставување на работата на АПЈ во контекст на спроведување на надлежностите кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците и проектите во насока на промовирање, заштита и унапредување на албанскиот јазик како службен јазик во Република Северна Македонија, и претставување на проектните активности на EURAC, со осврт на тековните проекти во Југоисточна Европа. Двете страни изразија интерес за интензивирање на меѓусебниот дијалог и конкретизирање на соработката преку разни модалитети кои опфаќаат споделувања на експертски искуства во областа на спроведувањето на јазични проекти, изготвување на дигитални терминолошки речници, студиски посети на меѓуинституционално ниво и потенцијална соработка на научно-истражувачки проекти.

Можеби исто така ви се допаѓа