Директорот Села го посети Вишиот управен суд

261

Денеска, директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ (АПЈ) Илбер Села, придружен од неговата екипа, го посети Вишиот управен суд (ВУС), каде оствари средба со претседателката на овој суд, Исмета Амет, и судијата Субхи Јакупи.

На средбата беше разговарано за степенот на примената на Законот за употреба на јазиците во оваа судска институција. Претседателката Амет и судијата Јакупи го информираа директорот Села за предизвиците со кои се соочува институцијата, истакнувајќи дека има кадровски дефицит за превод на службената документација, но дека се преземени активности во смисла на промена на таблата и печатите.

Тие истакнаа дека во координација со Судскиот совет на РСМ ќе преземат активности за имплементација на законските одредби поврзани со употребата на службените јазици и во постапките пред судот.

Директорот Села ја истакна отвореноста за поддршка на судот во правец на остварување на јазичните права на граѓаните во постапките за кои е надлежна оваа институција.

Можеби исто така ви се допаѓа