Директорот Села во работна посета на Уставниот суд

83

Директорот на АПЈ, Илбер Села, денеска оствари работна посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија пришто оствари средба со Сали Мурати, претседател на судот и Александар Лазов, генерален секретар на судот.
Директорот Села му го честиташе изборот на Мурати на новата функција и му посака добро здравје и успех во извршувањето на исклучително одговорната функција. Воедно, го информираше својот соговорник за согледувањата и анализите од досегашната имплементација на новото законско решение за употреба на јазиците, потребата од доследно спроведување на обврските од законот за сите чинители и ја изрази отвореноста за соработка на меѓуинституционално ниво.
Претседателот Мурати го изрази своето задоволство од средбата со директорот Села, и изрази поддршка на работата на АПЈ. Воедно, го информираше својот соговорник за активностите на Уставниот суд кои се планираат за време на неговиот мандат,и се осврна на неповолната состојба со кадровска екипираност на стручната служба и потребата за зајакнување на стручните капацитети на судот со ангажирање на компетентни лица од немнозинските заедници, вклучително и преведувачи и лектори.
За време на средбата, двете страни ја реафирмираа потребата од јакнење на соработката, препознавајќи ја важноста од стимулирање на изградба на општествена средина која овозможува почитување на уставните и законските права на секој граѓанин, како и промовирање, зачувување и зајакнување на правото на граѓаните на употреба на службените јазици во Република Северна Македонија.

Можеби исто така ви се допаѓа