Директорот Села во посета на ЕВН Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, го посети ЕВН каде оствари работна средба со претседателот на Управниот одбор, Штефан Петер.

117

Во ова прилика, директорот Села му се заблагодари на можноста за директна средба и истакна дека ЕВН е одличен пример за деловно работење како компанија со општествена одговорност во мултиетничко и мултијазично општество, која ја поддржува и имплементира мултијазичноста во активностите и услугите што корпорацијата ги нуди за своите потрошувачи.

Од друга страна, Петер го информира директорот Села за давање услуги на висок квалитет на услуги под еднаков принцип за сите потрошувачи, без оглед на нивната етничка или јазична припадност и дека во таа насока ЕВН претставува пример и за останатите во една средина којашто ги афирмира и почитува различностите и постојано ги унапредува деловните процеси во насока на обезбедување на највисок квалитет на услуги за своите потрошувачи.

Можеби исто така ви се допаѓа