Директорот Села во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

83
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) каде што оствари работна средба со директорот Борис Тунџев.
Директорот Села истакна дека средбата е во функција на согледување на состојбата поврзана со примената на Законот за употреба на јазиците во АКН како многу значајна институција чиишто услуги секојдневно ги користат граѓаните и којашто генерира голем обем на документи наменети за физичките и правните лица.
При посетата констатирано е дека АКН доцни во реализацијата на обврските од законското решение и иако се отпочнати одредени активности како што е прилагодување на содржината на веб-страницата на АКН на службените јазици и промената на називите на таблите, службените акти како што се обрасци, пријави, барања, имотни листови итн. граѓаните не можат да ги добијат на службените јазици со што им се оневозможува правото на добивање јавна услуга на службените јазици.
Директорот Села му врачи на директорот Тунџев публикации во издание на АПЈ и ја изрази подготвеноста за соработка со АКН, нудејќи стручна помош за превод и лекторирање на обрасци, пријави, барања, овластувања чиешто издавање е во надлежност на АКН, изразувајќи надеж дека ќе се динамизира процесот на усогласување на АКН со законските обврски.
Двете страни се заложија да соработуваат во интерес на граѓаните и да остваруваат редовна координација околу прашања поврзани со имплементацијата на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа