Директорот на АПЈ се сретна со гувернерката на Народната банка на РСМ

74

Директорот на АПЈ, Илбер Села, денеска реализираше средба со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот, за да се запознае од блиску колку оваа институција е подготвена да ги применува обврските кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.
Директорот Села и гувернерката Ангеловска-Бежоска разменија информации околу реализирање на обврските кои произлегуваат од одредбите на Законот за употреба на јазиците.
Од друга страна, директорот Села рече дека АПЈ со своите капацитети останува отворена за соработка, нудејќи поддршка во делот на советодавните информации за спроведување на овој закон, како и помош во обезбедување превод и лекторирање на обрасците и документите кои произлегуваат од работата на Народната банка.
Овие средби се во прилог на прибирање на информации за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на горенаведената институција.

Можеби исто така ви се допаѓа