Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја посети Косовската академија на науките и уметностите

28
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, заедно со раководителот на Секторот за превод и лекторирање во оваа институција, Ахмет Селмани, вчера имаше официјална средба во Косовската академија на науките и уметностите, каде што беше примен од нејзиниот претседател, академикот Мехмет Краја, како и од познатиот академик Реџеп Исмајли.
За време на горенаведената средба, директорот Села детаљно ги информираше домаќините за статусот, улогата и работата на АПЈ, особено фокусирајќи се на досегашните активности во врска со примената на албанскиот јазик во државните институции, чувствителноста околу ова прашање и упатувањето на граѓаните во врска со јазичните права во Република Северна Македонија. Тој, исто така, изрази интерес и ги покани членовите на Косовската академија на науките и уметностите да учествуваат во научните активности што ги организира АПЈ по разни поводи, како што се Денот на преводот и Европскиот ден на јазиците.
Претседателот на Академијата, Мехмет Краја, заблагодарувајќи се на оваа официјална посета на директорот на АПЈ, Илбер Села, беше особено заинтересиран за Законот за употреба на јазиците и неговата практична примена во РСМ, контактите на АПЈ со сличните институции во други земји, како и за многу други прашања што се однесуваат на оваа институција. Притоа, тој изрази подготвеност да помогне или да биде присутен во активностите на АПЈ, барајќи конкретна понуда за тоа што може да направи Академијата во тој поглед.
Исто така, и академикот Реџеп Исмајли, покажа целосна подготвеност да ѝ помогне на АПЈ со негово учество во научните конференции. Тој зборуваше за положбата на одредени јазици во различни земји во светот, како што се: Шпанија, Белгија, Швајцарија итн., нагласувајќи го нивниот статус и третман во односните држави, со што нивниот модел би бил интересен и природен и за албанскиот јазикот во Република Северна Македонија како домашен јазик. Тој истакна дека сега е време кога работите треба да се решаваат по мирен пат, со конкретна работа и посветеност, без политизирање и без загрозување на кого било. Во овој контекст, тој истакна дека е постигнато официјално унапредување на албанскиот јазик во РСМ, но дека сето тоа треба да се гледа како еден континуиран процес што води напред.
На крајот на оваа средба, домаќините му подарија на директорот на АПЈ, Илбер Села, неколку примероци од публикациите на Академијата, за библиотеката на АПЈ.
Можеби исто така ви се допаѓа