Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја посети АД М-НАВ

63
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, денес го посети Акционерското друштво М-НАВ, каде што се сретна со претседателот на Управниот одбор и извршниот директор на Секторот за воздушна навигација, Фахрудин Хамиди. На оваа средба директорот Села го запозна со работата на АПЈ, нудејќи им поддршка на разни институции од аспект на примената на албанскиот јазик на сите службени нивоа.
Исто така, и г. Ф. Хамиди го запозна со тешкотиите и со потребите на оваа компанија од аспект на преведувањето и лекторирањето на разни документи на албански јазик. Затоа тој побара помош од АПЈ, по можност да ѝ се помогне на споменатата компанија.
Нормално, директорот И. Села му вети дека ќе му даде конкретна помош за преведување и лекторирање на обрасците, административните акти, како и на други службени документи на оваа компанија.
Можеби исто така ви се допаѓа