Директорот на АПЈ, Илбер Села се сретна со секретарот на МТСП, Ресми Ејупи

8
Денес просториите на АПЈ ги посети Ресми Ејупи, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, кој заедно со своите колеги оствари средба со директорот на АПЈ, Илбер Села, за да се консултира за некои прашања во врска со примената на албанскиот јазик во соодветното министерство.
За време на оваа средба, директорот на АПЈ, Илбер Села, и државниот секретар Ејупи разговараа за примената на Законот за употреба на јазиците во државните институции. Во оваа прилика директорот на АПЈ, Илбер Села, понуди целосна поддршка и помош со услугите на АПЈ во однос на превод и лектура на потребните документи.
Соговорниците се согласија за понатамошна соработка помеѓу двете институции, при што заклучија дека спроведувањето на одредбите од Законот е на соодветно ниво во оваа институција.
Скопје, 14.09.2021 год.
Можеби исто така ви се допаѓа