Директорот на АПЈ, Илбер Села, се сретна со директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Беким Емини

65
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села и дел од неговиот кабинет, се сретнаа со директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Беким Емини и неговите соработници.
На оваа средба се дискутираше за нивото на примена на Законот за употреба на албанскиот јазик во оваа институција и ефикасните начини за негова примена.
По тој повод, директорот Емини побара дополнително појаснување и непосредна поддршка за примената на Законот во Агенцијата за странски инвестиции, додека пак директорот Села, му понуди целосна поддршка од АПЈ во преведувањето на актите, дописите и формуларите, со капацитетот со којшто располага.
Двајцата соговорници се заложија оваа средба да биде добар почеток кон конкретните чекори во примената на Законот за употреба на јазиците во оваа институција.
Можеби исто така ви се допаѓа