Директорот на АПЈ, Илбер Села се состана со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Хисени

207

Во текот на денешниот ден, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, се сретна со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Хисени каде присутен беше и државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација, Адем Авзиу.
На средбата беа разгледани можностите за соработка со Инспекторатот, како новоформирана институција во рамките на Министерството за правда. Имено, средбата имаше за цел потполна поддршка за новиот директор за пружање на континуирана помош за справување со обврските и предизвиците кои го очекуваат во текот на работата на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа