Директорот на АПЈ, Илбер Села се состана со директорката на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје

11
Во рамки на редовните посети, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денес одржа официјална средба со Сузана Данаилова, директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во оваа пригода, тој ја информираше директорката за работата на АПЈ, која им помага на државните институции за спроведување на Законот за употреба на јазиците, поточно употребата на албанскиот јазик. Во овој контекст, Села истакна дека треба да се воспостави конкретна соработка помеѓу овие две институции, нудејќи помош во однос на превод и лекторирање на таблите, актите, трудовите, обрасците итн. Имено, тој го истакна прашањето за членски книшки во оваа библиотека, кои засега се само на еден јазик.
Од друга страна, директорката Сузана Данаилова истакна дека оваа библиотека работи според системот COBIS, со кој се поврзани, и поради таа причина еднојазичните книшки се стари, а новите, што ќе ги правиме отсега, ќе бидат на два јазика. Во однос на преводот во оваа институција, таа истакна дека се вработени соодветни луѓе, кои добро си ги извршуваат своите работни задачи. Но, додаде дека доколку има потреба од каква било помош за превод, ќе ја побараме од вашата агенција.
Можеби исто така ви се допаѓа