Директорот на АПЈ, Илбер Села, присуствуваше на настанот „Недела на албанологијата“ во Приштина

21
Вчера, во Институтот за албанологија во Приштина, започна 12-та по ред „Недела на албанологијата“, на која, директорот на оваа институција, Хисен Матоши, ги поздрави присутните и им посака добредојде и успешна работа. Исто така, учесниците ги поздрави и министерката за образование, наука, технологии и иновации во Република Косово, Арберие Нагавци.
На овој научен и културен настан, што ќе се одвива до 23-ти јуни, ќе се обработат теми од различни аспекти, а кои се однесуваат на развојот на терминологијата на албанскиот јазик, како и многу други прашања од областа на албанологијата. Со покана од организаторот, учество зема и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, исто така придружуван од страна на раководителот на Секторот за превод и лекторирање, Ахмет Селмани. Директорот Села оствари многу средби со личности од научниот и општествениот живот и со разни проучувачи на албанологијата.
Во оваа прилика, за библиотеката на АПЈ, нему му подарија и неколку од најновите изданија од Институтот за албанологија во Приштина.
Исто така, директорот Села го посети Институтот за социјални и хуманистички студии, каде што се сретна со директорот Арсим Синани, како и со професорите од Филозофскиот факултет, Бујар Дуголи и Селим Безерај. За време на оваа средба се дискутираше во врска со соработката помеѓу гореспоменатиот Институт и Агенцијата за примена на јазикот. По овој повод, директорот Синани подари неколку публикации од неговиот Институт.
Можеби исто така ви се допаѓа