Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари средба со министерот за информатичко општество и администрација

35
Денес директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, се состана со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. На оваа средба тој му ја честиташе новата позиција и го информираше за активностите што Агенција ги спроведува во согласност со Законот за употреба на јазиците. Директорот Села, исто така, зборуваше и за обврските што ги имаат државните институции во спроведувањето на овој закон. Во исто време, тој изрази подготвеност да го поддржи и Министерството за информатичко општество и администрација во однос на превод и лектура на официјални документи и дописи.
За овие прашања зборуваше и министерот Шаќири, кој му се заблагодари на директорот Села за подготвеноста и понудената поддршка, и притоа вети дека сериозно ќе се ангажира во однос на употребата на албанскиот јазик во оваа институција.
Можеби исто така ви се допаѓа