Директорот на АПЈ, Илбер Села оствари работна средба во Агенцијата за вработување

39
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села денес оствари работна средба со новоименуваниот директор на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. На овој состанок, тој му честита за директорското место, нагласувајќи го фактот дека за прв пат албански кадар е назначен на чело на оваа важна институција.
По овој повод, Демири го информираше директорот Села за состојбата на персоналот, нивото на имплементација на албанскиот јазик во оваа агенција, како и за предизвиците што го очекуваат во иднина.
Директорот Села вети дека АПЈ ќе обезбеди професионална поддршка и помош при превод и лекторирање на службени обрасци и акти, како и советодавна помош за правилно спроведување на одредбите од Законот за употреба на јазиците, со цел граѓаните да имаат полесен пристап до услугите од оваа институција.
Двете страни ветија дека ќе ја интензивираат соработката во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа