Директорот на АПЈ, Илбер Села оствари работна средба со координаторот на ТИКА

8
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, оствари работна средба со г.Халим Омер Согут, програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА во Скопје.
Заблагодарувајќи се за средбата, директорот Села ја афирмира значајната улога на ТИКА во поддршка на проекти од различни области во Република Северна Македонија и го запозна својот соговорник со досегашната работа на АПЈ. Во овој контекст, двајцата соговорници имаа можност да разменат и мислења по однос на можна поддршка од страна на ТИКА за приоритетни проекти кои би ги реализирала АПЈ.
Двете страни средбата ја оценија како мошне корисна и истакнаа дека остануваат отворени за продолжување на комуникацијата и соработка на проекти од заемен интерес.
Можеби исто така ви се допаѓа