Директорот на АПЈ, Илбер Села одржа говор на XIV Меѓународен семинар за албанологија

39
На XIV Меѓународен семинар за албанологија што се одржа на Универзитетот во Тетово на тема: „Предизвиците на (не) примената на Законот на јазиците во Северна Македонија и грешките при употребата на стандардниот албански јазик“, меѓу бројните учесници, беше и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села кој одржа говор онлајн.
Во трудот насловен „Предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците на Република Северна Македонија“, тој ја истакна важната улога на АПЈ во однос на посветеноста, помошта и поддршката што им ја дава на разните државни институции за примена на албанскиот јазик, но исто така и на граѓаните преку објавување и дистрибуцијата на прирачници и летоци, коишто обезбедуваат конкретни податоци за правото за употреба на албанскиот јазик.
Во оваа прилика, тој ги истакна предизвиците и тешкотиите што се појавуваат при спроведувањето на службените јазици, фокусирајќи се особено на стагнацијата и неспроведувањето на овој закон од страна на институциите.
Можеби исто така ви се допаѓа