Директорот на АПЈ, Илбер Села – оддаде почит на гробот на Ѓерасим Ќиријази

119
Во рамките на Деновите на азбуката 2020 година, што беа отворени во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, другите активности продолжија во Струмица со посета на гробот на патриотот и илуминистот Ѓерасим Ќиријази, каде оддадоа почит многу претставници од културниот, научниот, образовниот, социјалниот, политичкиот, дипломатскиот итн. живот.
На овој настан присуствуваа и претставници од Агенцијата за примена на јазикот, нејзиниот директор Илбер Села и раководителот на секторот за превод и лекторирање, Ахмет Селмани, кои положија цвеќе на гробот на Ѓерасим Ќиријази.
По овој повод, директорот Илбер Села пред присутните зборуваше за придонесот на оваа значајна национална личност.
Можеби исто така ви се допаѓа