Директорот на АПЈ, Илбер Села на работна средба со министерката Мила Царовска

83
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, денес оствари работна средба со министерката за образование и наука на РСМ, Мила Царовска. По овој повод, директорот И. Села истакна дека целта на оваа средба е да направиме нешто заедно во однос на градењето на нашето мултиетничко општество. По стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, додаде тој, се создаде друга реалност во РСМ. Во образовниот систем албанскиот јазик треба да биде задолжителен за учениците Mакедонци и македонскиот јазик за учениците Албанци. Треба да се создаде нова свест и расположение. Но тоа многу зависи од првиот човек кој управува со институцијата. Како добар пример треба да послужи искуството на Болцано, повеќејазичен град во Италија, каде што одлично функционираат три официјални јазика, како и во некои други земји во Европската унија.
Што се однесува до двете институции, истакна тој, можеме да направиме многу заеднички работи, како што е одбележување на Европскиот ден на јазиците во септември, при што може да се вклучи и Советот на Европа. Исто така, со Министерството за образование и наука можеме да организираме дебати за учебници, на коишто можеме да дадеме свој придонес. Директорот Села, исто така, ѝ предложи на министерката Царовска во следната академска учебна година да се доделат стипендии на студенти на катедрите за превод и толкување на нашите универзитети, кои потоа ќе бидат вклучени во државните институции за нивните потреби од областа на преводот.
Ние даваме целосна поддршка за примена на Законот за употреба на јазиците, рече на крај Илбер Села, особено во однос на обрасците, документите и службените акти на Министерството, за кои АПЈ има законска должност да ги лекторира.
За сите овие идеи и предлози, министерката Мила Царовска изрази целосна подготвеност заеднички да го реализираме одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, доделувањето на стипендии за студентите и многу други работи.
Состанокот се затвори со ветување дека овие работи ќе бидат конкретизирани и реализирани.
Можеби исто така ви се допаѓа