Директорот на АПЈ, Илбер Села на работна средба во Агенцијата за иселеништво на РСМ

14
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села со неговите соработници оствари работна средба во Агенцијата за иселеништво на РСМ, каде што беше пречекан од нејзиниот директор, Слободан Близнаковски, и заменик-директорот Измит Нура.
Во текот на оваа средба се дискутираше за имплементација на Законот за употреба на јазиците во оваа институција, при што се направија некои појаснувања во врска со дилемите и нејаснотиите што постојат во врска со називите на институциите и преводите од македонски на албански јазик.
По тој повод, директорот Илбер Села понуди поддршка и помош за продолжување на практичното спроведување на албанскиот јазик во оваа институција.
Можеби исто така ви се допаѓа