Директорот на АПЈ Илбер Села на работен состанок во Општина Петровец

41
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, денес ја посети Oпштина Петровец, каде што беше примен од градоначалникот Борче Митевски.
Посетата беше реализирана на иницијатива на директорот Села, заради согледување на состојбата околу спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во оваа единица на локалната самоуправа во којашто околу 23%, според статистички податоци од последниот извршен попис од населението, се Албанци, како и воспоставување соработка меѓу двете институции за прашања поврзани со употребата на службените јазици.
Заради непречeно одвивање на работните процеси, директорот Села понуди поддршка во делот на стручна помош за превод и лекторирање на службени обрасци и документи.
Од друга страна, градоначалникот Борче Митевски изрази подготвеност и волја да се подобри состојбата околу употребата на албанскиот јазик, низ процесот на соработка и со поддршка на АПЈ.
На крајот на средбата, директорот Села му врачи на градоначалникот Митевски сет публикации во издание на АПЈ поврзани со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа